Поттикнување на извозната ориентација на агроиндустрискиот комплекс во Република Македонија (Export Incentives to Macedonian Agribusiness)
Macedonian Abstract: Единствен начин за опстанок и развој на национална економија од мал обем е отвореноста кон глобалниот пазар. Во таа насока Република Македонија уште со осамостојувањето го дефинираше својот надворешнотрговски систем како либерален и отворен кон светот, што денес се артикулира со членство во многу значајни меѓународни трговски и финансиски институции, организации и интеграции. Таа отвореност се однесува и на агроиндустрискиот комплекс, како сектор со големо влијание во формирањето на бруто домашниот производ, кое е најмногу изразено преку приливот на девизни средства од извоз. Утврдувајќи го значењето на извозот на агроиндустриски производи, овој магистерски труд е посветен на можностите и начините за негово унапредување, што во крајна линија треба да придонесе за развој на целокупната национална економија, подобрување на животниот стандард на населението и континуиран економски раст